Драги другови и веома врло драже другарице 🤪 Знаеме дека кафичи обично немаат куќна слава ама ЦК на Синдикат на последното заседание на АВНОЈ одржано далечната четриес и некоја у Јајце, одлучи 29-ти Ноември да го прогласи за куќна слава на нашиот мал естаблишмент и по тој повод секоја година да организира игранка со најпознатите и помалку познати екс ју хитови од архивите на ПГП РТБ, СОКОЈ и Југотон 😁 Главната дебата беше дали славата да биде мрсна или посна ама едногласно беше донесена одлука славата да биде алкохолна. 😆🤘 Е сега пошо на слава не се кани туку се доаѓа, ние секако ќе ја искористиме оваа прилика да ве поканиме оваа сабота да го прославиме овој за нас голем ден познат како Дан Републике. Естаблишментот со добра музика ќе го освети другарот @jankonen заставник прве класе кој веќе неколку дена се наоѓа на алкохолни припреми по кафани и искрено се надеваме дека во плејлистата нема да залута некоја песна од Нада Топчагиќ, Халид Бешлиќ и сл. 😃 Сабота, 29-ти Ноември, 21:00ч - Дан Републике. Живели 🍻