Другари и другарки, Милан Тарот вика дека денес послеработно накај целовечерно во нашите скромни естаблишменти помеѓу народот познати како Синдикат и СК.02 (@sindikalnakultura) ќе се праело, а богами и пиело Негрони. Чим картите викаат така, кои сме ние да се буниме. Како добри домаќини се пуштивме од сабајлеу набавка на се што ни треба за спремање и ве чекаме да завршите со работа, да дојдете и да си нарачате по пешес Негронија. Она што тарот картите не ни го кажаа ама е напишано во ѕвездите, дека некаде околу 21.30ч ќе се појави и другарот @jankonen да пушти некоја симпатична музика. Се гледаме попосле 🥳🤘