Најдоброто од Игор Џамбазов во Institute Club во Кичево На 22 Јуни со особена чест и на ваше и големо задоволство го најавуваме настапот на македонскиот музичар Игор Џамбазов. Сабота На 22 Јуни 2024 година во Institute Club во Кичево со почеток во 22 часот ќе имате можност да го чуете „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје - Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. Влезници : Претпродажба : 400 денари На врата : 600 денари