Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Live Concert at Kotur Kafe Film

📍 Kotur Kafe Film · Скопје

🗓️ 26.10.2023 · Четврток

⏰ 21:00 — 02:00

🎟️ ден.200

Земаме длабок здив и нуркаме длабоко во ноќта, на некое друго место. Четврток, 26.10 од 21:00 часот: Концерт на Deliluh (Канада) и Bain de Gong (Франција) ВЛЕЗ: 200мкд (билетите се во продажба @koturkafeifilm ) Deliluh се Kyle Knapp и Julius Pedersen, енигматично канадско дуо кое моментно живее и работи на релација Берлин - Марсеј. Како дел од нивната европска турнеја, во Скопје концертно ќе го промовираат последниот албум Fault Line (Tin Angels Records 2022), издание кое означува ново поглавје и уметнички исчекор во нивната кариера. Секогаш спремни на ризик и освојување нови музички територии, Deliluh мелодично ги премостуваат границите помеѓу пост-панкот, амбиенталниот дрон и експерименталната електроника, истражувајќи го спектарот со органски и бескомпромисен звучен идентитет. Провокативната лирика испорачана во загадочен spoken word манир го комплетира непредвидливото музичко патување низ човечкото искуство, пост-апокалиптична звучна одисеја во која надежта, сепак, последна умира. Почетоците на Deliluh се тесно врзани за виталната DIY сцена на Торонто, каде започнуваат во 2013-та како четворка со звук кој ги сублимира најдобрите традиции на пост-панкот. Дневната соба како и многу други јавни простори, во кои организираат ад-хок концерти тие ги крстија Somewhere Else, некое друго место кое означува безбеден простор, ослободен од деловни трансакции и музички ограничувања. Десет години, четири албуми и стотици концерти (турнеjи со Squid и Mandy, Indiana) подоцна, ова име сè уште функционира како нивно мото - географски, музички и духовно. 
@deliluh._ @5060gram @skopskosmooth @winmusicfreedommk

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟