Другари и другарки, по пауза од скоро еден месец ради одмори, мрза, прокрастинација и други слични причини, решивме дека дојде време повторно да ја активираме миксетата. По тој повод го поканивме дуото Васо/Јанконен да не освежи со еден безобразно добар музички настап, а воедно и да го испромовира новиот сингл “Извукла си циглу из темеља љубави наше“ - љубовна балада со етно елементи. 😆 Музичките критичари од земјава и регионот се едногласни во ставот дека овој велелепен настан најдобро се ужива со минимум 3 алкохолни пијачки... по особа. Традиционално, исто како и минатиот пат топлес танчерки нема да има. Музичкиот дел стартува во 21.30ч, но кој сака да си фати премиум место со поглед на диџеите, може да си дојде порано 😁 Љуби вас Синди 🤘🥰🍻