Другари и другарки, Тазе Вести: Денеска за некој е Бела ноќ и ќе лумпува до сабајле. Други во парк слават роденден на Хајнекен и ќе се журкаат цел ден. Зоолошка слави 97 години од постоење и таму ќе има ЗОО фест. Најдовме на нет и уше неколку евенти што ќе се одржуваат денес ама ај да не го претвориме постов во билтен на настани. Она што у ствари сакаме да кажеме е дека за нас е обична сабота во која се договоривме со другарот @simon_painltd да ни пушти безобразно добар рокенрол, пошто одамна не сме слушале. За пиење имаме се, така да кој сака да избегне од денешниот хаос на настани, добредојден е во нашиот мал естаблишмент. п.с. За да нема забуни, работиме до 1, за да бидеме свежи за скопскиот маратон на кој и оваа година, како и сите претходни, нема да трчаме. Живели 🤘🍻😁