Другари и другарки, На последната седница на ЦК на Синдикат со сите гласови за и ниту еден против беше донесена одлука да се исправи една голема историска неправда и под итно да се убаци ракија во нашето мени и тоа не било каква - гевгелиска, стареена во дабови буриња, наречена Гордион Амбер. По тој повод би сакале да ве поканиме во петок на 23 Јуни лето господово дваестрето да дојдете до нашиот мал естаблишмент да цуцнеме по една ракиичка или ако ви е многу топло, ќе смучкаме и некое коктелче со ракиичка. Другарот @lephonq_dj има еден скришен сет за пиење ракија со ремикси од најголемите странски хитови од Цеца, Лукас, Лепа Брена, Палдум, Бекута, Џиновиќ, Мерлин, па ќе биде после сечаш ли се лепи громе мој. 😆🎼🪗🪘 Ооок, сами ќе се блокнеме :D