Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Jankonen at Sindikat

📍 Sindikat · Скопје

🗓️ 29.11.2023 · Среда

⏰ 21:00 — 02:00

Другари и другарки, Некои може знаат, повеќето сигурно не ама факт е дека главните членови на ЦК на Синдикат се родени во Југославија и најголемиот дел од своето детство, вклучувајќи и ран пубертет го поминале тука. Тоа значи дека станале пионери, го поштуеле Тито, јаделе ќутек со дрвена лажица и поминале низ разни видови казнено поправни мерки од кои искочиле вакви ко шо се денес, добри луѓе... ма ку*ац добри - одлични. 😁 И не само тоа, туку имале можност да слушаат ретко добра поп/рок музика од една феноменална сцена пред да се распадне се и да завладеат некои несфатено лоши музички текови. Да не должиме многу, ние поносталгичните секоја година и натаму се собираме на 29-ти Ноември во нашиот респектабилен естаблишмент, пиеме и си ги слушаме најдобрите песни од нашата младост, не облеваат емоции и со суза у око и грутка у грло се потсеќаме на едни други времиња. Додека не се расплакал авторот на оваа објава, изволте сите у Синдикат во среда, од 20.30ч па на даље и у будуче. Музички избор, другарот @jankonen Љуби вас Синди. 🍻🥃🤘🎼✊

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟