Другари и другарки, повторно е тој ден од годината во кој тројца пензионирани шанкери, а воедно и пијаници решаваат да се вратат позади шанк, да се потсетат на шанкерските денови и да поработат малце на големо задоволство на публиката Бидејќи на времето кога работеле коктел беше мисловна именка, цртање кафе не постоеше, а топло чоколадо ни на јутјуб немаше, заборавете дека ќе може да добиете некоја шарена пијачка ко на сликата и фокусирајте се на пиво, вино, уиски, водка, џин и нормално шатови за шанкерите, пошо мора да се подмачка убаво таа стара машинерија за да проработи :))) За музичкиот избор ќе биде задолжена другарката @anii.5 Кажавме шо имаме да кажеме, останува уште да ве поканиме да дојдете да се дружиме, да се посмееме и нормално да се опиеме, пошо трезни не работиме. Живели :)