Овој вторник (5 март), во 20 часот, гостите ќе имаат ретка можност да бидат дел од латино-џез концертот на атрактивниот Флорес, добитник на престижни светски награди, кој прави вистинско уметничко шоу.
Н. Маестралните Пачо Флорес на труба, Лео Рондон на гитара и Хернандез-Силва на перкусии од Венецуела, со латино-џез ќе ви овозможат едно исклучително уникатно музичко искуство!
Заедно со овој маестрален музичар, чие ЦД го доби Златниот медал на „Глобал мјузик авардс“, ќе настапат и Лео Рондон на венецуелска гитара „куатро“, уште еден харизматичен музичар, потоа Мануел Хернандез Силва кој е диригент, но овој пат ќе свири перкусии, како и македонските врвни музичари: Иван Бејков на контрабас, Кирил Кузманов на саксофон, Филип Димишковски на пијано и Виктор Филиповски на тапани.