Derrick May 2 Август 2023 Плажа Дупени, Преспа! Izlet Kafe, Sektor 909 и Balance со особена чест и задоволство го најавуваат гостувањето на пионерот на Детроит техно звукот и миленикот на македонската публика Derrick May. Голем број од неговите настапи во Македонија се незаборавни а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава. Неговата позитивна енергија, која секогаш успешно ја пренесува на публиката преку својата музика и харизма, веруваме дека најдобро ќе може да се почуствува на еден магичен амбиент како што е плажата Дупени во Преспа, и повеќе сме од сигурни дека ќе бидеме сведоци на незаборавна ноќ. Покрај Derrick May како локална поддршка ќе настапат Uzun Brothers, Stojche, Alex Acid, DJ Maci, Tomi Bojadzi, Dejan Dex, Mongo & Omaru. 2 Август е денот кога музиката и историјата ќе се спојат а ние заедно ќе прославиме 23 години од првата забава на Balance но и 120 години Илинден, еден од најзначајните денови од современата македонска историја. Старт: 18:00-08:00 Продажбата на билети започнува на 4 јули(вторник). Oнлајн преку платформата на @mktickets и нивната продажна мрежа низ Македонија како и во Излет Кафе Скопје и Јагода Мезе бар Битола. Early birds од 4-9 Јули по цена од 250 денари. Потоа 350 денари, а на врата 500 денари.