Со голем мерак ви ја најавуваме првата журка од нашиот нов проект посветен на афро звукот - SHAYO! 🚨 Како што веќе знаете, последниве неколку години новата афро музика и сите сродни жанрови и поджанрови ни се постојано во ротација дома (и полека но сигурно и во клубовите), и токму поради тоа сме ептен возбудени и загреани за ова што конечно не очекува следниот четврток во Излет! Целата вечер ќе ја посветиме на афро музиката зачинета со други егзотични звуци, ќе влеземе длабоко во крејтовите и ќе ги пуштиме веќе познатите песни од овој жанр но и наши фаворити кои досега не сме имале шанса да ги презентираме пред вас. 🌴 Загрејте се со нашата SHAYO плејлиста, донесете позитивна енергија и спремете се за играње - се гледаме следен четврток (21.09) во 21 часот во Излет! 🔥