⚡️ 17 октомври 2025, #Скопје #🇲🇰 • 🎁 ДАРУВАЊЕ 🎁 освој влезници 🎫 за ✨ HOUSE OF 3 ✨ 💥 На 22 октомври, од 18 часот до 6 наутро, центарот на Скопје ќе дише во ритамот на третото издание на House of 3 – дванаесетчасовен мултимедијален фестивал што се одвива на три сродни локации: „Три Кичен & Бар“, „Клуб 1212“ и „Станица 26“. 🎧 Настапуваат интернационални и локални диџеи: Џејн Рајз, Лехар, Веки, Базел, Емили Нас, Ермилова, и Аните б2б Немакс – музичари што ќе ја претворат ноќта во електронско патување полно со грув, афро-хаус енергија и хипнотички ритам. 🎊 Фестивалот започнува во „Три Кичен & Бар“, со винил маркет и поп-ап шоп каде се претставуваат локалните брендови 5 до 12, Кактус, Фабрика, Финкс арт и Милч. Посетителите ќе можат да откријат уникатни парчиња – од винтиџ и модерна облека до рачно изработени аксесоари, bucket hats, постери и други креативни изненадувања. 🍴 Во барот ќе се служи вкусна храна, збогатена со музичка програма на локалните диџејки, а од полноќ сцената се префрла во двата клуба. Во „Клуб 1212“ настапуваат Џејн Рајз и Базел, додека во „Станица 26“ – Лехар и Веки ќе ја водат публиката низ звучен пејзаж што ќе трае до зори. 💬 „Сакаме луѓето да се чувствуваат слободно, да уживаат и да ја понесат позитивната енергија со себе. Со секое ново издание, ‘Хаус оф Три’ созрева и ја враќа магијата на скопскиот ноќен живот“, вели организаторката Еми Ермилова. 🎁 Сакаш влезници? 🎫 Правилата се супер едноставни ^^^ • „Срцни“ ја оваа објава 🫶 • Следи ги профилите на @slobodenpecat, @threekitchenbar, @klub1212 и @stanica26 👀 • Означи во коментар кој сакаш да те дружи на House of 3 👯 тоа е тоа! 🫰 🎲 во игра за влезници си до понеделник, 20 октомври 🍀 Среќно 🤞

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟