🌍 Во Погон во Петок 20ч. ќе пробаме да споиме нови пријателства 🫂 (и патувања, и муабети и неочекувани авантури.) 🚀 Сакаш да патуваш, ама друштвото ти е за „следната година“? (А ти би одел/отишла на Бали, утре?) Океј, тогаш дојди си прво до Погон. 🎒 Во Погон те чека игра во која може да го најдеш твојот иден travel buddy: Пријави се кај келнерот или кај човекот што ќе те фати за муабет низ локалот. 🎟 Ќе добиеш бројче и по некое време ќе седнеш на „авантуристичка маса“. 🪑 Имаш 10 минути со некој што не го знаеш (уште). Муабет, смеење, каде би патувал/а и зошто баш Јапонија. Потоа 🔁 ротираш, нова маса, нов лик, ново „ај можеме ние до Коста Рика, бе!“ 🔁 После, ротираш. Нова маса, нов лик, нова фора, нова потенцијална авантура. 🎒 Можеби ќе најдеш некој што сака да шета во исти патики. Или барем ќе делите исти чаршафи по хостели. 🤝 Без стегање. Без очекувања. Само chill контакт, добра енергија и можеби нов патнички партнер. Или барем нов другар за тура по планини, фестивали или couchsurfing авантури 😄🙌