Ве покануваме во среда, со почеток во 21 и 30 часот, да ги слушнете и погледнете @soothsayer_jazz триото, кое се состои од тројца млади, но веќе афирмирани музичари кои се запознаваат за време на студиите на музичката академија во Грац каде што сите тројца дипломирале. Ова трио се карактеризира со сиров, енергичен и непредвидлив звук кој ниту една публика не ја оставил рамнодушна. Првичната инспирација за бендот биле албумите на Елвин Џонс Трио, а сега поголемиот дел од репертоарот го сочинуваат композиции на сите три членови од бендот. Настапувале во Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, а ова лето се на турнеја низ Македонија и Србија. Моментално работат на својот прв албум на кој гостува еден од најеминентните трубачи на европската џез сцена, DanielNösig. Резервациите се задолжителни во порака или на телефон 🎈❤️☺️