На 9 - ти декември, во Филхармонија Кафе Бар ќе настапи Дејан Цукиќ. Дејан својата кариера ја започна на крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години како член на new wave групата „Булевар“. Беше член и на „Бајага и Инструктори“ . После тоа има успешна солистичка кариера со 11 објавени албуми и многу хитови како „Ja bih da pevam“, „Letnje kiše“, „Julija“, „Mokre ulice“ (со Џони Штулиќ). Во Филхармонија Кафе Бар Дејан Цукиќ ќе настапи соло – акустично. „Ќе се обидам да направам атмосфера и добра журка на која публиката ќе ја прошетам низ најпознатите песни во својата кариера, но и историјата на екс – ју музиката, како и светски песни кои ги сакам“ – вели Дејан.