50 ГОДИНИ РЕТРО ЖУРКА „ОРФЕЈ“ На 26 јули 2024 година (петок), со почеток во 21.00 часот, во најдобриот ноќен клуб во Битола, „Расчекор“, ќе се одржи 6-тата по ред „ОРФЕЈ“ Ретро Журка. И оваа (летна), но, и наредната (зимска, во месец декември) ќе се одржат под мотото „Celebration“ (според истоимената песна на групата Kool And The Gang), по повод 50 години од отворањето на диско клубот „ОРФЕЈ“. Со свежи сеќавања од минатото и со голем ентузијазам за иднината, оваа журка ќе биде незаборавен настан за сите генерации. Една поинаква вечер полна со музика, забава и емоции, каде сите сте добредојдени, без исклучок! Како и на последните два настани присутните ќе ги забавуваат врвните ди-џеи: ДЈ Николче Терзиевски, ДЈ Ile The Hair и ДЈ Кекел, со своите диско, фанк, соул, рок, њу вејв, екс-ју музички сетови. Настанот како и досега, медиумски ќе биде помогнат од порталот Bitola News. Ве чекаме на подиум!!! За крај... малку историја На 20 јануари 1974 година, започна со работа „ОРФЕЈ“, првиот диско клуб во Битола (покасно ќе се испостави дека е и првиот диско клуб во Македонија), благодарение на дваесеттина студенти-делегати од „Клубот на студенти“ на Вишите школи и Правниот факултет во Битола. Објектот каде што беше лоциран диско клубот „ОРФЕЈ“, беше во сопственост на СИЗ-от за домување, а со него раководеше „Клубот на студенти“. Првото раководство се состоеше од 10-тина студенти, раководени од управителот Славчо Тасевски, а за музиката, како диск-џокеи беа задолжени Пеце (наречен „Чаршафот“) и Ѓорши Божиновски Гоше. Во рок од година дена раководството во клубот се менуваше во неколку наврати. Но, се чини дека своите моменти на најголема популарност доживува кога на диск-џокејската позиција се устоличува Николче Терзиевски. Клубот беше претесен да ги прими сите заинтересирани. Така, за да се спречи гужва на влезот и во самиот клуб, беше поставен еден предуслов, а тоа е: „Влез само парови“, што би значело дека доколку немате партнер од спротивниот пол, не можете да влезете во истиот. Паролата „Влез само парови“ е нешто што и ден денес се памти и се пренесува од генерација на генерација, како сведок на едно време. Наредната година се отворија диско клубови во О