CANDY DULFER СО ВТОР КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОМИЈА!
9ТИ АПРИЛ
Почитувани,
Никогаш не беше спорно дека ќе има интерес за втор концерт на Candy во Скопје.
Иако беше тешко да се координираат авио линиите поради нејзините обврски при турнејата после Скопје, мозаикот конечно се склопи.
Па, сите оние кои останаа без влезници за првиот концерт на 8ми, ќе имаат шанса да ја гледаат Candy и нејзиниот фуриозен бенд и на 9ти април, од 20 часот во Македонската Филхармонија!