НАЈГОЛЕМ СПЕКТАКЛ ОВАА СЕЗОНА ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА: КОНЕЧНО КОНЦЕРТ НА СВЕТСКАТA ГУДАЧКА АТРАКЦИЈА BOND ВО СКОПЈЕ!
Полека доаѓа летото, а со тоа и големите open air концерти во Македонија.
Сепак, како соодветно би ја завршиле сезоната на ексклузивни и интимни концерти какви што овозможува просторот на Македонската Филхармонија, ви подготвивме уште два настани, од кои доаѓа веќе во втората половина од следниот месец:
Навистина долгочекуваното, суперспектакуларно шоу на гудачкиот квартер BOND конечно со свој гала концерт на 19 мај во Македонска Филхармонија!
Квартетот Bond е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња. Нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет и 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.
После огромен број на распродадени концерти низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, уникатните Bond конечно доаѓаат во Скопје!