Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 189
Review: (0 reviews)
Другари и другарки од рубриката добри музики и дупли Џејмисони, оваа сабота го издвојуваме настапот на другарот @janko.petel.javashe во нашиот респектабилен естаблишмент. Пред публиката ќе се претстави со внимателно одбрани траки од збирката „Песни за делкање ирско уиски и други работи“ од непознат автор. 😆🥃🤘 Почетокот на овој велелепен перформанс е закажан за 21 часот по средноевропско време. Живели. 🥃🥃🥃
Драги другови и веома врло драже другарице 🤪 Знаеме дека кафичи обично немаат куќна слава ама ЦК на Синдикат на последното заседание на АВНОЈ одржано далечната четриес и некоја у Јајце, одлучи 29-ти Ноември да го прогласи за куќна слава на нашиот мал естаблишмент и по тој повод секоја година да организира игранка со најпознатите и помалку познати екс ју хитови од архивите на ПГП РТБ, СОКОЈ и Југотон 😁 Главната дебата беше дали славата да биде мрсна или посна ама едногласно беше донесена одлука славата да биде алкохолна. 😆🤘 Е сега пошо на слава не се кани туку се доаѓа, ние секако ќе ја искористиме оваа прилика да ве поканиме оваа сабота да го прославиме овој за нас голем ден познат како Дан Републике. Естаблишментот со добра музика ќе го освети другарот @jankonen заставник прве класе кој веќе неколку дена се наоѓа на алкохолни припреми по кафани и искрено се надеваме дека во плејлистата нема да залута некоја песна од Нада Топчагиќ, Халид Бешлиќ и сл. 😃 Сабота, 29-ти Ноември, 21:00ч - Дан Републике. Живели 🍻
Другари и другарки, Оваа среда се спуштаме доле во СК02 каде што ќе не пречека другарот @kepkee со коктели со текила и мескал и други марифети, а ако решите дека ви се џуска, другарите @ivicanaumoski.rubik и @jankonen ќе го извадат нивниот арсенал на плочи од полиците за журка и ќе распалат јако. Стартуваме во 21ч и тераме до крај. Може слободно да се опуштите пошто четврток е неработен ден. Живели. 🤘🥃📀🎶
Другари и другарки, пред нас е уште еден дождлив викенд со кој традиционално храбро ќе се избориме со многу алкохол и добра музика. 🙃 Во случај да ве интересира каков ќе биде музичкиот распоред, еве и најава по денови: - Петок - спремете се за една одлична бек ту бек музичка селекција од другарката @anii.5 и нејзиниот гостин Циприану. - Сабота - по подолго време позади миксетата ќе го имаме другарот @mmvilic а неговиот настап ќе биде залиен со избор на коктели направени во соработка со другарите и другарките од @smidgin.mk Живели и Let the music play 🤘🍻🎧🎼🎶
Smidgin еуфоријата не застанува - нашето патување викендов го затвораме во @kafebarsindikat каде ќе уживате во вообичаено добрата забава и коктели кои ќе ве освојат од прва голтка. Оваа недела не пропуштајте ја можноста да пробате Смидџин во нови комбинации и да го откриете вашиот нов коктел фаворит. Се гледаме во Сабота 🎧📸🎶
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 189
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.