Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 281
Review: (0 reviews)
Другари и другарки, По повод големиот празник Илинден или по нашки Св. Продолжен Викенд (петти годинава) во нашиот мал естаблишмент прогласуваме тридневна Синдикална република во која ќе царува другарство, забава, алкохолизирање и добра музика по следниот распоред: - Петок, рокенрол со четата на DAY OFF - Сабота, електро мракои со војвотката @anii.5 - Недела, народни песни и ора со @jankonen комита Искрено се надеваме дека кодошите од комшилук нема да го повикаат аскерот од МВР да дојде и да ни ја растури републиката. Се гледамееее 😁🤘🎧🎶🍻
Другари и другарки, обично во сабота преку ден ве оставаме да пиете кафе и да си помуабетите на раат ама оваа сабота сме нешо добро расположени па ќе удриме денски на пиење пиво од сортата Пауланер и слушање музика на плочи од колекцијата на другарите @ivicanaumoski.rubik и @jankonen Старт: точно напладне!
Сињорас и Сињорес, Од извори блиски на мексиканската влада, дознаваме дека во петок се прославува националниот ден на нашата омилена пијачка - Текилаааааа. По тој повод во нашиот респектабилен естаблишмент ќе организираме пригодна прослава на која ќе мучкаме паломи и маргарити и ќе мааме шатови текили. За музичкот дел ќе бидат задолжени двајцата амигоси Дон Уасо и Дон Ханко со нивниот маријачи оркестар. 🎶🎧 Кој не дое - пендехо! 😁 Старт 21:00ч Адиос мучачос 🤘
Другари и другарки, Не знаеме дали до сеа сме ви кажале ама подобра комбинација од топли летни денови и грч ладно пиво нема. Затоа во петок зедовме се договоривме со другарите од Пауланер да направиме една безобразно добра послеработна до целовечерна пијанка/игранка и да се оладиме со многу пиво и добра музика по следниот распоред: - од 16.30ч во Синди настапува другарот @vukoveetch - од 21.30ч на терасата во @sindikalnakultura настапуваат другарите DAY OFF Се гледаме во петок после работа 🍻🥰🤘
Другари и другарки, Со надеж дека нема да ни се деси потоп од библиски размери, шо ќе ни ја расипе журката, овој петок спремивме опасно добра послеработна пијанка со Хендрикс на која ќе може да го пробате најновиот џин наречен едноставно - Another Hendrix. Старт: 16.30ч Местиме шанкче надвор, набавуеме големи количини на Another Hendrix плус Томас Хенри тоници, па спремаме декорации, па праиме опасно добри комбинации да му е мерак на чоек да нарача, па ги местиме другарите DAY OFF да не освежат со послеработен рокенрол и се журкаме до крај.
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 281
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.