Стојне Николова интерпретира песни кои вклучуваат повеќе стилови и елементи: фолк,поп-фолк,поп,етно и др. Нејзин долгогодишен соработник и менаџер е Бобан Мојсовски кој исто така е и автор на најголемиот дел од нејзините песни. Секако соработува и со многу други реномирани автори во Македонија но и остварува дует соработки со многу познати и признати нејзини колеги.