DNK

Band • Pop

Information

DNK — македонска поп-група. Основана е во 2001 година. Членови на групата се Владимир Блажев — Панчо (29 јули 1979 — 14 октомври 2025) и Андреја Ѓо...


Type: Band

Pop

Viewed: 25

Review:

Members: Владимир Блажев - Панчо Андреја Ѓорѓиески - Андреј

YouTube

Spotify

dnkmk?fref=ts

No future events.

Club Pulse
9 months ago

После точно една година, оваа сабота (15.03) гостуваме во клубот “Пулс” во кој секогаш сме добредојдени, и кој ја има една од најдобрите публики 🤗 Ве очекуваме во што поголем број за заедно да ги испееме сите ДНК рефрени!🥳 📍@pulse_club_mkd 📅 15.03 (сабота)

15 Mar 23:55
Finished
ден0.00

Start: 15 March, 23:55

Artists: DNK

Stanica 26
9 months ago

Драги наши, Во петок (07.03) во клубот Станица 26 го започнуваме мини караванот “PROUD TO BE RARE” со кој ќе се дружиме во наредните два месеци низ повеќе градови низ Македонија. 😊 Ќе има многу изненадувања и подароци за присутните, а како специјален гостин на вечерта ќе се појави нашиот добар другар и колега, а ваш најомилен македонски артист Врчак! 🥰 За загревање на атмосферата ќе се погрижат @iriescratch и @ogipsilon 🥳 Почетокот е закажан за 00ч, а влезот ќе биде бесплатен! 😬🎁 Инфо/Резервации: 070 22 71 72

07 Mar 23:55
Finished
ден0.00

Start: 7 March, 23:55

Artists: DNK

Cabaret Clique
about 1 year ago

МАКФЕСТ ВИКЕНД САБОТА (26.10.2024) @ Cabaret Clique • @dnk.mk Влез: 300мкд Резервации на телефон: 074 20 20 20

26 Oct 23:30
Finished
ден0.00

Start: 26 October, 23:30

Artists: DNK

Institute Club
over 1 year ago

Еден од најдобриот настан што се случи во Клуб Институт ќе се повтори на 31.08.2024 !! По ваше барање а наше големо задоволство повторно со нас ДНК 🔥🔥🔥 Специјален гостин на овој настан ќе биде НАУМ ПЕТРЕСКИ 💥 Карти во предтродажба достапни од 23.08.2024 Претпродажба : 350 денари На врата : 500 денари @dnk.mk @naumepetreski

31 Aug 21:00
Finished
ден350.00

Start: 31 August, 21:00

Artists: DNK, Наум Петрески

Gold Felicia
over 1 year ago
17 Jul 22:00
Finished
ден0.00

Start: 17 July, 22:00

Artists: DNK, Lozano

Club Calypso
over 1 year ago
22 Jun 21:00
Finished
ден200.00

Start: 22 June, 21:00

Artists: DNK

Intermezzo Music Bar
over 1 year ago
12 Jun 21:00
Finished
ден300.00

Start: 12 June, 21:00

Artists: DNK

Lounge Bar Cool
over 1 year ago

Дами и господа, со гордост ви го најавуваме настапот на ДНК во Lounge bar Cool! Концертениот настап со full бенд ќе се одржи на 20ти Април во 21h! Ве покануваме на најдобрата журка на сите времиња, придружена од најголемите македонски хитови 🔥 Резервации многу на време ❤️ Старт: 21h Влезници во предпродажба: 400 ден Влез на врата: 500 ден Резервации: 078 370 875 или инбокс. Be COOL or don’t be there 😎

20 Apr 21:00
Finished
ден400.00

Start: 20 April, 21:00

Artists: DNK

Intermezzo Music Bar
almost 2 years ago
07 Feb 21:00
Finished
ден0.00

Start: 7 February, 21:00

Artists: DNK

Stanica 26
about 2 years ago
02 Dec 22:00
Finished
ден0.00

Start: 2 December, 22:00

Artists: DNK

De Facto
over 2 years ago

Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули (сабота) во вашиот омилен клуб “ Де Факто” ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт. ☺️ Влезниците ке бидат по цена од 300 денари и ке може да се набават исклучиво на билетарата на клубот од следниот четврток до сабота. Потоа цената на влезот на самиот концерт ке изнесува 400. Затоа спремете се на 8ми јули на "Полна месечина" ве чекаме да се гушнеме “Јако Јако” 🤗 да се направиме "Авиони" 🤪, да испишеме уште неколку “Километри” па “Што сака нека биде"

08 Jul 23:00
Finished
ден400.00

Start: 8 July, 23:00

Artists: DNK, Lozano

Martini Caffe
almost 3 years ago

DNK - Martini caffe 📣

08 Apr 21:00
Finished
ден500.00

Start: 8 April, 21:00

Artists: DNK, DJ Milan

About us

DNK — македонска поп-група. Основана е во 2001 година. Членови на групата се Владимир Блажев — Панчо (29 јули 1979 — 14 октомври 2025) и Андреја Ѓорѓиески — Андреј (9 февруари 1982 — 16 март 2025).[1] Андреј загинал ноќта на 16 март, враќајќи се во клубот да спаси луѓе по избувнувањето на пожарот во ноќниот клуб во Кочани. По седум месеци од трагедијата животот го загуби и Владимир (Панчо)

Како изведувачи со претходно музичко искуство и образование (Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК — „Девојка за везден“ за кој снимаат и видео запис.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во април 2003 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. По двегодишна пауза, во 2006 година повторно се активираат. Понатаму, во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија - К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Во 2010 година тие го издаваат деби албумот насловен “Кажано е се”, преку нивната матична куќа „Продукција Република“, како продуцент се јавува Врчак, а албумот се состои од 18 песни, меѓу кои сингловите “Полна месечина”, “Пази се од мене”, “Навлечен на тебе”, “Таа тоа го крие” и други. Една година подоцна, во септември 2011, ДНК го одржуваат својот прв соло концерт во Метрополис Арена во Скопје.

Во јуни 2012, тие го издаваат синглот “Авион”, како најава за претстојниот албум “Срце”. Албумот “Срце”, издаден во 2013 година, има 15 песни, вклучувајќи ги песните како “Дада”, “Што сака нека биде”, “Од утро до мрак” и други.

Неколку месеци подоцна, во септември 2012, ДНК одржува акустичен концерт во Универзална Сала Скопје, поддржани од камерен оркестар и бенд во живо.

Во 2016, тие го издаваат албумот “Уште еден ден”. Овој албум има 12 песни, меѓу кои: “Само таа знае како”, “Најмила”, “Темно е”, “Она е од Шутка”.

Во мај 2017, ДНК слави 15 години постоење со концерт во Метрополис Арена во Скопје.

Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.

Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”, “Ромео и Јулија”, “Ние” и “Горе или доле”.

На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео. Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.

Во 2021 година, издаваат 4 синглови: "Денови во ноќи", "Сите патишта", "Кобра" и "Ваков таков"

Во 2022 година тие издаваат 4 синглови: "Лава", "Милион денови", "Романи" и нивниот голем хит "Ако утре ме нема".

На 3 декември 2022 година, по повод 20 години ДНК, тие одржаа концерт во Арена "Борис Трајковски", каде гости им биле врвни музички имиња од македонската естрада: Наум Петрески, Мина Блажев, Таско, Џамбо Агушев, Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска и други.

Во 2024 година издаваат синглови: "Посреќна", "Животе брате", "Амајлија" и "Чаршија“.

Во 2025 година го издаваат нивниот последен сингл "Фала".

Пожарот во дискотеката ,,Пулс" во Кочани
На 16 март 2025 година, Андреја Ѓорѓиески- Андреј загина во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, заедно со фотографот на бендот Александар Ефремов, пратечкиот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стевановски и бас гитаристот Александар Коларов. Двајца од членовите на бендот го преживеале првичниот пожар, но починале подоцна попладне. Владимир Блажев познат како "Панчо" се здобил со изгореници на лицето и рацете, и му била дадена терапија со кислород, оставајќи го единствениот преживеан член на бендот. Од пожарот загинаа сите членови на бендот освен пратечкиот вокал Ана и гитаристот Горан Тонев.

Members: Владимир Блажев - Панчо Андреја Ѓорѓиески - Андреј

YouTube

Spotify

More Music

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟