Приказната за Антонио Пејоски & The Band денес полни 9 години Сѐ започна на 14ти Март 2014 година во Клуб 69 – Демир Хисар каде го имав првиот настап, а од тогаш драги мои речиси и да нема град во кој не сме настапувале. Горд сум на себе и мојата екипа бидејќи успеавме да настапиме и надвор од границите на Македонија, и тоа во Косово во Штрпце и во Грција во Кавос. Пред се сакам да се заблагодарам на сопствениците и менаџерите на локалите кои ни покажаа доверба во сите изминати години, но од срце Ви благодарам на вас драга публико, Ви благодарам за секој испеан рефрен, за секоја насмевка, за сите преубави моменти кои ни ги овозможивте да ги почувствуваме и Ви благодарам за огромната поддршка што ни ја давате секојдневно.❤️😍 #9уеаrs #anniversary #career #antoniopejoski #theband
Членови - Антонио Пејоски Кирил Митрески Душко Стефоски