Д фест започна како реакција на непостоењето на фестивали од таков тип во Македонија.
Кога и како ќе се одржи Д-Фестивал 2024?
Кога и како ќе се одржи Д-Фестивал 2024?
– Во 2024 го организираме најголемото и најлудото издание досега. Д-Фестивал ќе се одржи од 28 до 30 jуни на старата добро позната локација во Дојран.
Д Фестивал и Дојран се спремни да ја пречекаат највеселата и најпозитивна Д публика во најголем број досега.
Дали оваа година ќе има фестивалски камп простор?
– ДА! Како и секоја година па и оваа, се трудиме кампот да го направиме помодерен и поудобен за сите посетители во текот на сите три дена. Освен тоа што Општина Дојран се грижи паркот да биде прекрасно и достапно место за посета во текот на целата година, особено обрнува внимание за грижата за време на нашиот фестивал. Паркот е омилено еко-катче на мештаните, сите ние заедно сме одговорни тоа да остане така и за време и по завршување на фестивалот.